ГФК Тиквеш посилен за Ренатињо

219

Екипата на ГФК Тиквеш предмалку се пофали дека од сега натаму сезонава е посилна за бразилскиот интернационалец Жоао Габриел Фереира Сантос Ренатињо.

Тој пристигнува како уште едно од неколкуте интернационални имиња кои што во моментов се дел од ростерот на прволигашот од Кавадарци, и даваат сериозен квалитет.

Тиквеш одлично го стартуваше овогодинешниот ПМФЛ шампионат со победата на домашен терен од 5:1, против Арсими и токму странските засилувања се најголем фактор во моментов за добрата игра на тимот од Кавадарци.

ПретходноОфицијално: Зинедин Зидан е новиот селектор на Франција
СледноПСЖ има јасен став за Родри