Новото засилување Љевар порача: Вардар е двократен првак, има историја!

145

Вардар во новата сезона влегува со промени во составот, во своите редови има седум новајлии, кои заедно со останатите ракометари треба да дадат совршен производ за високи дострели.

Еден од новите играчи Леон Љевер, кој игра на позицијата лев бек. На нему добро му се познати амбициите на клубот, знае дека има притисок, но тоа е нормално за еден тим како што е Вардар.

„Јас сум еден од новите ракометари, не има пет-шест. Амбиците на Вардар како што кажа тренерот Чупиќ се секогаш високи. Ова е двократен европски првак, има голема база навивачи и има историја. Одиме амбициозно во Лигата на шампионите, ќе работиме од ден во ден напорно и ќе видиме до каде ќе стигнеме. Македонското првенство е најсилно во регионот, ќе биде сигурно тешко бидејќи има четири сериозни екипи. Ние сме шампиони и мора така да се поставиме, да веруваме во себе и одиме да ја одбраниме титулата. Не ми е сеедно и дресот на Вардар носи притисок. Тоа е мал товар, ама мислам дека ќе успеам да се изборам со тоа.

Веќе неколку денови сум тука, бев низ градот и ми се допадна. Екипата исто така е одлична, сите ме прифатија и имам само позитивни зборови за оваа средина“. 

Вардарци првиот дел од подготовките ќе го реализираат на домашно тло во Скопје, а планиран е и престој во Маврово, каде екипата ќе работи на физичката подготовка и тимското воигрување. Пред стартот на официјалните натпревари во Регионалната лига, Вардар ќе настапи и на турнирите во Струга и Охрид.
ПретходноНБА ѕвезда доаѓа во тимот на Жељко Обрадовиќ?
СледноЕфектот на Леброн Џејмс е неверојатен!