Ќе има ли странци во Втората лига на Македонија!?

381

Македонија е една од ретките земји во која право за настап на фудбалери од странство има само во елитната лига. Бројката е 8+2, но само Вардар, па и Шкендија го исполнуваат максималниот бонус за кој на федерацијата треба да и се плати максимална такса од 35.000 евра.

Иако лани гласно се говореше, за оваа сезона повторно има иницијатива за носење на правилa да има барем двајца „странци“ кои би играле во втората по ранг лига на Македонија. Што се однесува до ФФМ тоа е изводливо иако според активниот закон за работни односи постои проблем поради кој екипите од Втора лига немаат право да ангажираат играчи кои немаат пасош од Македонија.

Се шпекулира дека деновиве би можело да се очекува решение и изнаоѓање на начин со кој екипите кои сакаат да имаат странци со одредена надокнада до ФФМ би добиле право да доведат играчи од други земји. Исто таке се шпекулира дека на секој натпревар 90 минути треба да играат минимум двајца (2), фудбалери до 21 година и еден (1), фудбалер до 19 години.

ПретходноМурињо отпушти многумина од Реал, но јасно кажал кој мора да остане!
СледноНБА ѕвезда доаѓа во тимот на Жељко Обрадовиќ?