Коло Муани се враќа во Јувентус за 38 милиони евра

71

Рандал Коло Муани и официјално ќе стане фудбалер на Јувентус. Претходно беше објавено клубот од Торино ќе го добие напаѓачот на ПСЖ  на позајмица со задолжителна откупна клаузула. 

Според Џанлука Ди Марцио, целиот трансфер на играчот ќе ги чини „бјанконерите“ 38 милиони евра. Дополнителни 12 милиони евра би можеле да бидат исплатени во бонуси. 

Рандал ќе потпише петгодишен договор со плата од 5,5 милиони евра по сезона. Договорот вклучува и бонуси од 1,5 милиони евра. 

Французинот веќе играше за „бјанконерите“ во сезоната 2024/25. Минатата сезона ја помина како позајмен играч во Тотенхем, постигнувајќи еден гол на 30 натпревари.

ПретходноШок во Варна: Ѓоко Хаџиевски си замина од Спартак (В)!
СледноОдбојкарките мотивирано и посветено тргнаа во мисијата „Медитерански Игри“ (ФОТО)