Шкендија утре го игра реванш натпреварот од квалификациите за Конференциската Лига, против екипата на Браво. Нашиот последен представник во европските натпреварувања го загуби првиот натпревар во Словенија со 2:1. Во пресрет на реванш дуелот, тренерот на македонскиот вицепрвак, Артим Положани го даде своето мислење за натпреварот.
„Браво е квалитетен тим и е тишичен претставник на словенечкиот фудбал. Ние ќе треба да дадеме и повеќе од максимум за да успееме да ја оствариме целта и да се пласираме во следната рунда. Знаеме дека нема да биде лесно, но видовме дека можеме да се надигруваме и дефинитивно ќе продолжиме со ист стил како во Скопје. Предност е што сега ќе ја имаме поддршката од нашите фанови и ќе сториме се за да обезбедиме пласман понатаму“.
Натпреварот против Браво, Шкендија ќе го одигра утре со почеток од 20 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“.










