Во Шкендија се подготвени: Очекуваат огромна поддршка за големо БРАВО (ФОТО)

64

Екипата на Шкендија го одработи последниот тренинг пред утрешниот реванш меч против словенечки Браво во рамките на 2. квалификациско коло во Конференциската лига.

Тетовските „црвено-црни“ истрчаа на Арената „Тодор Проески“. Желбата е единствена да останат во Европа, но за тоа ќе мора да го надокнадат поразот од 2-1 на гостински терен кај Браво.

„Шкендија сака да го надокнади недостатокот од претходниот натпревар (2:1) и да се квалификува во третото коло од Конференциската лига на УЕФА“, е пораката од Шкендија.

За да се обезбеди страсна атмосфера и максимална поддршка за нашите момци, клубот одлучи влезот да биде бесплатен.

Натпреварот меѓу Шкендија и Браво е со почеток во 20 часот.

ПретходноТрагичното лето: Наместо да потпише договор на кариерата со Барса, се соочува со пауза од неколку месеци!
СледноЖенската јуниорска репрезентација на ЕП на пат за Романија