Од сигурна победа до пораз: Кадетите водеа со шест разлика, па загубија од Словенија

98

Кадетската репрезентација на Македонија иако ја имаше победата во рака по блескавото прво полувреме во Белград каде водевме против Словенија со 18:12, дозволи се да расипе во вториот дел и за 15 минути да прокоцка огромна предност. На крајот го загубивме натпреварот со 33:30.

Избраниците на слекеторот Кузманоски одиграа извонредно прво полувреме во кое се функционираше беспрекорно и успеавме да ги неутрализираме словенечките ракометари и да направиме голема позитива. Што се случи на стартот на вториот дел е мистерија.

Словенија притисна, ние почнавме да правиме технички грешки и да промашуваме во нападот, по што следуваше голем 15-минутен пад во кој цели 8 минути не успеавме да постигнеме гол, а Словенија не само што ја стопи високата предност, туку успеа да го сврти комплетно мечот и да дојде до предност. Во финишот иако влеговме во егал, не успеавме да одржиме ритам и на крајот го запишавме стартниот пораз.

Костов и Вујичевски постигнаа по 6 гола, додека Ѓорѓиевски и Поповски имаа по пет гола.

ПретходноОд Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Б.С. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.905.253 ДЕНАРИ