Положани: Против Браво ќе дадеме повеќе од максимум

52

Шкендија утре го игра реванш натпреварот од квалификациите за Конференциската Лига, против екипата на Браво. Нашиот последен представник во европските натпреварувања го загуби првиот натпревар во Словенија со 2:1. Во пресрет на реванш дуелот, тренерот на македонскиот вицепрвак, Артим Положани го даде своето мислење за натпреварот.

„Браво е квалитетен тим и е тишичен претставник на словенечкиот фудбал. Ние ќе треба да дадеме и повеќе од максимум за да успееме да ја оствариме целта и да се пласираме во следната рунда. Знаеме дека нема да биде лесно, но видовме дека можеме да се надигруваме и дефинитивно ќе продолжиме со ист стил како во Скопје. Предност е што сега ќе ја имаме поддршката од нашите фанови и ќе сториме се за да обезбедиме пласман понатаму“. 

Натпреварот против Браво, Шкендија ќе го одигра утре со почеток од 20 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“.

ПретходноБрендфорд со презентација „елеганција во движење“….
СледноНејмар се прости од Бразил: Дадов се за овој дрес, не можам повеќе