Данев: Примивме гол во лош момент, а во продолженијата беше тешко со играч помалку

177

Екипата на Вардар синоќа е елиминирана во второто коло од квцалификациите за Лигата на Конференции. На возвратниот дуел во Летонија, против тимот на Рига, Вардар загуби до 5:2, по продолженијата и на тој начин ги заврши борбите во Европа летово.

Нашиот шампион го делеа само три минути од пласман понатаму. Имаше 0:2 до 87. минута откако реализираа Бабунски и Омерагиќ. Но, играчот помалку речиси цел натпревар, црвениот карон на Филип Најдовски веројатно беше клучниот момент на овој меч и покрај седумте гола. Во таа кобна 87. минута резервистот Таиво намали на 1:2, што автоматски значеше и продолженија, а во нив Вардар едноставно немаше сила да се справи со огромниот домашен притисок.

„Сите играчи што бевме на терен го дадовме својот максимум за Вардар и се боревме секоја минута што ја добивме. Имавме добар старт, потоа добивме црвен картон ама и покрај тоа тактички бевме дисциплинирани и му париравме на противникот. Потоа примивме гол на три минути до крај, а во продолженијата тешко беше да се издржи со играч помалку на теренот.“ – изјави Димитар Данев по поразот синоќа на стадионот Сконто во Рига.

 

ПретходноФабијани: Три минути не делеа од посакуваниот резултат, на теренот стоевме перфектно!
СледноХорор во Белгија: Фудбалер ограбен, а неговиот колега сними се (ВИДЕО)