Дробаров ќе игра на Малта

108

Искусниот македонски интернационалец, Влатко Дробаров се сели на Малта. Откако дефинитивно си замина од тимот на Черно Море во Бугарија, каде што остави сериозен впечаток, Дробаров се одлучи за малку поинаква варијанта.

Замина за Малта каде што во следната сезона ќе игра за тимот на Слиема.

Се работи за амбициозен фудбалски колектив кој што во периодот кој што следи ќе биде еден од оние кои што ќе се борат за највисок пласман во тамошниот шампионат.

Малта доста инвестира во фудбалот во последниот период и се повеќе играчи се одлучуваат за оваа дестинација.

 

ПретходноХорор во Белгија: Фудбалер ограбен, а неговиот колега сними се (ВИДЕО)
СледноТолку од Вардар во Европа! До тренерот е, а тренерот има менаџер…