Женската јуниорска репрезентација на ЕП на пат за Романија

14

Женската репрезентација на Македонија „Под 18“ години отпатува за Романија, каде од 31 јули до 9 август ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

На шампионатот, кој ќе се одржи во Тулчеа, ќе учествуваат 20 национални селекции, а трите најдобропласирани репрезентации ќе обезбедат место во елитната Дивизија „А“.

Македонските јуниорки ќе се натпреваруваат во групата „Д“, заедно со селекциите на Данска, Грција, Велика Британија и Словачка.

Првиот предизвик за избраниците на селекторот Виктор Петровски ќе биде дуелот со репрезентацијата на Данска, закажан е за последниот ден од месецот јули.

Зад оваа наша национална селекција е речиси едномесечен подготвителен циклус, во кој беа реализирани неколку контролни натпревари.

Репрезентацијата одигра два натпревари на гостински терен против Бугарија, како и контролен меч против Косово, на кој стручниот штаб ја заокружи подготовката за континенталниот шампионат.

Иако подготовките беа одбележани со неколку повреди, селекторот Виктор Петровски истакнува дека атмосферата во тимот е одлична и дека фокусот е целосно насочен кон првиот натпревар.

По завршувањето на подготовките, стручниот штаб го одреди конечниот список од 12 кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство, со цел достојно да ги бранат боите на националниот тим и да се изборат за што подобар пласман во силна европска конкуренција.

ПретходноВо Шкендија се подготвени: Очекуваат огромна поддршка за големо БРАВО (ФОТО)