На МИ во Таранто одбојкарките ќе почнат со натпревар против Грција

21
Фото: ОФМ/Вангел Тануровски

Најдобрите македонски одбојкарки пред неполн месец на ждрепка ги дознаа противниците во групната фаза на Медитеранските игри 2026 (Македонија e дел од групата Б заедно со Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во групата А се Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија), а сега организаторот го објави и официјалниот распоред на одигрување на натпреварите, како и термините и локацијата.

Натпреварите од групната фаза Македонија ќе ги игра во салата „Паламазола“ во Таранто.

Прв противник во рамките од групата Б за нашите одбојкарки ќе биде Грција, со која се соочуваме на 20 август од 17:30 часот. Ден подоцна, во истиот термин ќе се сретнеме со Турција. На 22 август од 14:30 часот ќе ги измериме силите со Алжир, додека во последното коло, на 23 август, исто така од 14:30 часот играме со Косово. Македонија е слободна на последниот ден од групната фаза.

Според пропозициите, првите две репрезентации од секоја група на 25 август играат полуфинални натпревари, додека финалето и мечот за третото место во женска конкуренција се играат на 27 август.

Делегацијата за Таранто патува на 18 август, а ден подоцна ќе го одработи и официјалниот тренинг пред да започне со Игрите.

Македонските одбојкарки вторпат во репрезентативната историја ќе настапат на Медитеранските игри, кои официјално ќе бидат отворени на 21 август на стадионот „Еразмо“ во италијанскиот град Таранто и ќе траат до 3 септември.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Б.С. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.905.253 ДЕНАРИ
СледноСерафимов: Пелистер секогаш ми беше желба, Лино е ракометен Бог!