Серафимов: Пелистер секогаш ми беше желба, Лино е ракометен Бог!

152

Ракометарите на Е. Пелистер засилено работат подготвувајќи се за новата сезона. Еден од новаците во составот на новиот стратег Лино Червар, Мартин Серафимов, има свое видување за неговото доаѓање во Битола и вклопувањето во новата средина.

„Нема да лажам, Пелистер и Битола беше една од моите желби. Сакав да играм тука некогаш во мојата кариера. Досега сум доаѓал Битола како противник и се беше против мене, што е оправдано, но тоа е и многу интересно, затоа што има многу добра атмосфера. Сега едвај чекам да влезам на терен, да играм со нив заедно и да дадам се од себе. Тоа е нешто што можам гарантирам, дека ќе го оставам срцето на терен. Тука се исто мои репрезентативни колеги кои што добро се знаме, има и нови засилувања од странство. Сега за сега се е добро, се запознаваме полека како и карактерно, така и ракометно, а Лино, јас уште од дете го знам, уште од моите почетоци во Металург. Сум го гледал како Бог како татко на ракометот и мислам дека многу може да научам од него и да допринесам на тимот“, истакна новото засилување за битолчани, Мартин Серафимов.

ПретходноНа МИ во Таранто одбојкарките ќе почнат со натпревар против Грција
СледноПознат „возниот ред“ во новата сезона на Евролигата, старт на 24 септември