Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Робев и следната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Клубот од Градски Парк и официјално потврди дека договорот со Робев е продолжен на уште една сезона.
„Со задоволство ви соопштуваме дека македонскиот репрезентативец, Дамјан Робев, потпиша нов договор со КК Работнички и ќе ги брани нашите бои и во наредната сезона. Искусниот бек и еден од носителите на играта продолжува да го дава максимумот за клубот од Градски парк“, се вели во клупската објава.










