Маџари има нов претседател – Боро Атанасовски

173

Боро Атанасовски од денеска е нов претседател на финалистот во домашниот кошаркарски плеј-оф минатата сезона, екипата на Маџари.

„Управниот одбор му ја укажа довербата да го предводи нашиот клуб, во период исполнет со нови предизвици и големи амбиции. Атанасовски е успешен стопанственик и поранешен фудбалер на ФК Маџари, човек кој со години активно го поддржува спортот и спортските колективи.  Особено нѐ радува што го препозна потенцијалот на КК Маџари и ја прифати одговорноста да биде дел од нашата приказна. Му посакуваме многу успех во новата улога и веруваме дека заедно ќе испишеме нови страници исполнети со победи, на домашната сцена и во АБА2 лигата“, објавија од клубот.

ПретходноБешикташ „загриза“ за Елмас, ќе понуди 10 милиони евра
СледноДамјан Робев останува во Градски парк