Македонската репрезентација за тенисери е дел од натпреварувањето „Summer cup“ што се одржува во Анкара. Ова се мечеви од Зоната Д, а македонските тим во состав: Кристијан Јанев, Ерион Незири и Матеј Попов по два одиграни меча имаат една победа против Црна Гора со 3:0 и еден пораз од домаќинот Турција со 0:3.
Во првото коло домашната репрезентација ги доби трите меча. Кристијан Јанев загуби со 2-0 во сетови (63 64) од Арен Бајбарш, додека Ерион Незири беше поразен со 2-1 во сетови (26 61 64) од Орхан Алп Акјол, а имаше и водство од 1-0 во сетови. Во конкуренција на двојки Незири и Матеј Попов загубија со 2-0 во сетови (41 53) од Бајбарш и Акјол.
Во денешниот меч за пласман од 5-8.место Македонија ја победи Црна Гора со максимални 3-0. Јанев беше поуспешен од Лука Луковац со 2-0 во сетови (61 61), а Незири го победи Скендер Катана со 2-0 (76(4) и 76(6). Во мечот во двојки Јанев и Попов ги совладаа со 2-1 (42 35 10-3 на поени) во сетови Луковац и Катана.
Утре (петок) македонските тенисери ќе играат меч за 5. место, а противници им се хрватските тенисери. Во финалето ќе играат Романија и Турција.










