Утре стартува продажбата на сезонските билети за Е. Пелистер

37

Ракометниот клуб Е. Пелистер ги извествува своите навивачи и симпатизери дека отпочнува процесот на продажба на сезонски билети за сите натпревари во сите натпреварувања на двата битолски клуба за новата сезона.

Утре од 14:00 часот, па се до до 18 август 2026 година ќе се продаваат сезонските билети за сите домашни натпревари на двата битолски клуба. По цена од 4.000 денари ќе може да се гледаат сите натпревари на Е. Пелистер во Суперлигата, Купот на Македонија, Регионалната лига и Европската лига на ЕХФ и сите натпревари на Е. Пелистер 2 во Суперлигата и Купот на Македонија. Билетите се за страничните позиции на двете трибини.

По цена од 4.500 денари ќе се продаваат билетите за натпреварите на Е. Пелистер во Суперлигата, Купот на Македонија, Регионалната лига и Европската лига на ЕХФ и сите натпревари на Е. Пелистер 2 во Суперлигата и Купот на Македонија. Билетите се за централните позиции на двете трибини.

ПретходноПолувреме: Шкендија имаше повеќе шанси, но на одмор се оди со реми (1:1) (ВИДЕО)
СледноПобеда и пораз за македонскиот тим на „Summer cup“ во Анкара