Шкендија бара „виза“ за продолжен европски престој

93

Екипата на Шкендија вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје, од 20:00 часот го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, против екипата на Браво од Словенија.

Откако на гостинскин терен, тетовци минимално беа поразени со 2:1, сега избраниците на тренерот Артим Положани имаат шанса со анулирање на негативата да си го продолжат престојот во Европа, минимум за уште едно коло, а зошто не и за повеќе.

Шкендија во Словенија одигра сосема коректно. Поведе на стартот на мечот, имаше уште грст ситуации пред противничкиот гол за да го зголеми водството.
Сепак, тимот на Браво е сериозно квалитетен ривал, па играчки, а потоа и резултатски се врати во тој дуел.

Со головите на Копатин и Станковиќ го сврте резултатот и дојде до таа посакувана победа. Сега, словенците имаат ѓаволски тешка задача во Скопје, да го одбранат тој резултат, пред бројната публика како што се надеваат тетовци, која нема да има потреба да плати билет за вечерашниот меч.

Доколку Шкендија го мине овој ривал, тогаш тогаш во следното трето квалификацико коло ќе се сретне со победникот од дуелот Хибернианс – Малишева. Косовскиот тим има предност од првиот меч од 2:0.

 

ПретходноСрамното оправдување на Анчелоти за Светското првенство
СледноФранција е друга димензија, нов пораз за македонските кадети на ЕП!