Арбелоа го „украде“ Гонзало Гарсија од Реал и го донесе во Фулам

124
фото: Real Madrid C.F. (X)

Фулам постигна договор со Реал Мадрид за двајца фудбалери на „кралскиот клуб“. Според новинарот Бен Џејкобс, англискиот клуб ќе плати околу 35 милиони фунти за 22-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија и околу 8,5 милиони фунти за 21-годишниот играч од средниот ред Сезар Паласиос.

Се забележува дека двата трансфери беа иницирани од тренерот на Фулам, Алваро Арбелоа, кој претходно го водеше Реал Мадрид. Минатата сезона, Гонзало одигра 30 натпревари во Ла Лига, со просек од 31 минута по натпревар, и постигна шест гола, додека Паласиос одигра пет натпревари во шпанската лига минатата сезона.

ПретходноПобеда и пораз за македонскиот тим на „Summer cup“ во Анкара
СледноШкендија оди во следната рунда: Марко Ѓорѓиевски е џокерот за Европа! (ВИДЕО)