Имран Фетаи замина без да го одигра „последното танго“ за Шкендија

358
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Разделба без прегратки! Како таква може да се оцени работата во Шкендија и заминувањето на репрезентативниот стопер во романскиот клуб Динамо Букурешт. Само на неколку часа пред денешниот дуел со Браво во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, фудбалерот носи одлука да си оди од клубот. Активирани се сите клаузули, ангажирани се советници по фудбалско (спортско) право, менаџери и веднаш потоа експресен потпис.

Имран Фетаи заминува! Тоа стана факт откако се дозна дека Шкендија го ангажикраше Јован Манев иако е факт дека Фетаи е повеќе од потребен за денешниот дуел на „црвено-црните“. Дуел кој носи награда од 525.000 евра и цифра која е далеку над онаа која ќе се заработи од трансферот на фудбалерот.

А фудбалерот одбра да биде по негово. Не по сентименталност, да врати за дадената шанса и да го одира машки и со срце “последното танго“, за клубот кој лани го доведе од Беса Добридол и преку Шкендија направи бум, стигна до националниот тим а еве сега и до клуб во кој многу одобро ќе заработува.

Си оди за 150.000 евра, а зимата имаа 450.000 на маса

ПретходноРаниери: Италија мора повторно да се заљуби во фудбалот
СледноАвстрија ќе ја пречека Македонија во Виена