Никола Велев се договори со Рапид Букурешт

132

Асистентот тренер во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија, Никола Велев, ја продолжува својата интернационална кариера со нов професионален предизвик.

Во новата сезона, Велев ќе биде дел од стручниот штаб на Рапид Букурешт, каде ќе ја извршува функцијата помошен тренер.

Овој ангажман е уште едно признание за квалитетот на македонската тренерска школа и за стручниот кадар кој успешно се докажува и надвор од границите на Македонија.

ПретходноЧешка има нов селектор
СледноДопинг суспензијата на Мудрик заврши и тој му се враќа на фудбалот