Сапунџиев е четврто засилување за Пелистер

110

КК Пелистер има уште едно ново име во своите редови. Иван Сапунџиев е четврто засилување за битолчани во очекување на новата сезона.

Искусниот кошаркар се согласи за враќање во клубот во кој играше од 2022 до 2024 година во домашното првенство и во АБА лигата. Сапунџиев игра на позицијата бек и веќе има акумулирано искуство во мак-кошарката.

Во својата кариера тој има настапувано за повеќе познати клубови во Првата македонска кошаркарска лига. Сапунџиев ги носеше дресовите на Карпош Соколи, Фени Индустри, Вардар и ТФТ Скопје.

ПретходноРеал новата „деветка“ ја купи од Леванте
СледноВо понеделник ќе има ждрепка за плеј-оф: Ова е новата сила на Шкендија!