Шкендија остана единствен македонски претставник во европските купови ова лето. Тетовци веќе го дознаа и следниот противник во 3. елиминациско коло во името на шкотски Хиберниан. Наскоро ќе биде познат и евентуалниот ривал во плеј-оф колото. УЕФА ја закажа ждрепката за в понеделник, по што тетовци ќе можат да размислуваат и за следната рунда.
Синоќа во Скопје Шкендија на мечот со Браво покажа дека има нова сила во својот табот, овој пат изразена низ имињата на новајлиите, како Бојан Димоски, Јован Манев и секако херојат на синоќешниот меч со Браво, Марко Ѓорѓиевски. Тоа е новата сила на Шкендија!










