Марјан Илиевски е нов тренер на КК Маџари

106
ФОТО:KFSM.MK

Откако вчера го објавија новиот претседател на клубот Боро Атанасовски, од КК Маџари денеска го презентираа и новиот тренер за следната сезона. Станува збор за поранешниот селектор на сениорската репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски.

Илиевски застанува на чело на стручниот штаб на КК Маџари за сезоната 2026/27.

Илиевски, кој е и еден од коосновачите на клубот и идеолог на овој проект, се враќа дома – во Маџари, каде ќе ја предводи екипата во домашното првенство и во нашето историско деби во АБА2 лигата.

Тој е едно од најквалитетните имиња во македонската кошарка, со значајно меѓународно искуство, освојувач на трофеи и тренер зад кого стојат бројни успешни проекти.

ПретходноВо понеделник ќе има ждрепка за плеј-оф: Ова е новата сила на Шкендија!
СледноМладиот шахист Стефан Мелник со нов подем: Трето место на државното првенство за слепи и слабовидни лица!