Челзи сепак нема да тргне во новиот шампионат со минус бодови

139

Процесот кој што се водеше против тимот на Челзи во однос на прекршоците кој што овој клуб ги направил во минатото, на име на работењето со агенти, посредници, и сопствеништво на играчите од страна на трети лица, а кое што било неправилно, дојде до завршница.

Во која што клубот сепак, нема да мора да ја стартува новата сезона со минус бодови како што првично беше пресудено од страна на органите во Фудбалската Асоцијација, туку клубот од Лондон ќе мора да плати само парична казна од 10 милиони фунти.

Казната се однесува на периодот во кој што се направени неправилностите, а истиот е од 2009 до 2022 година кога, сопственик на Челзи беше Роман Абрамович.

„ФК Челзи призна вина за сите 74 прекршоци кои ги сторил, по што независната регулаторна комисија при ФА донесе одлука за минус шест бодови. Истата е условна до јуни 2027 година, како и парична казна од 10 милиони фунти. Клубот ја обжали одлуката за минусирање на бодови, и истата беше прифатена“ – се вели во соопштението на ФА.

Претходно(У20) Младите одбојкари ги дознаа противниците за Зонските квалификации
СледноЧешка има нов селектор