Пораз на Македонија од Данска на стартот на ЕП Б Дивизија

47

Македонската женска јуниорска репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенств Б Дивизија кое се одржува во Тулчеа. Нашите кошаркари на првиот меч беа поразени од Данска со 73-60.

Македонија беше рамноправен противник во првата четвртина во која имаше кратко водство. Овој дел заврши со резултат 17-14 во корист на Данска која го подигна нивото и веќе во втората четртина успеа да дојде до двоцифрено водство. На одморот резултатот беше 38-26.

Во продолжение не се промени ништо, Данска продолжи да доминира и да чекори кон победата.

Македонија утре го игра вториот меч на овој шампионат, а за противник ја има селекцијата на Грција.

ПретходноТрагедија во Романија: Минибус со фудбалери на Динамо удри во дрво, загина едно лице
СледноДали ФИФА драстично го менува изгледот на следното Светско првенство?