УЕФА прецизираше: Хиберниан – Шкендија на 06.08.2026 во 21:00 часот

157

Од европската куќа на фудбалот, денеска ги презицираа деталите околу двомечот од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции кои што тимот на Шкендија го игра против претставникот од Шкотска, тимот на Хиберниан.

Првиот меч се игра на гости на 06.08.2026 година во 21:00 часот по средноевропско време.
На тој дуел арбитрите се од Кипар, а главен ќе биде Антониу Менелаос.

Една недела подоцна секако се игра реванш дуелот во Скопје, на Арената Тодор Проески. Точниот датум е 13.08.2026 година, а мечот стартува од 20:00 часот.

Судија овојпат е Булат Саријев од Казахстан.

 

ПретходноСе подготвува спектакл на Здравко Чолиќ но теренот во Битола е безбеден
СледноДавид Бабунски: Довидување Европа, фокус на двојната круна во домашниот шампионат