ФИФА го зголеми „поткупот“: По 86 милиони долари за секој кој ќе гласа за „приватно Светско“!

222

ФИФА продолжува со забрзаното лансирање на новата подружница на Светското првенство, позната како ФИФА Форвард Ентерпрајз (ФФЕ) и покрај реакциите на светските асоцијации. Според „Скај Њуз“ управното тело на светскиот фудбал има за цел да обезбеди до 4,2 милијарди долари (3,1 милијарди фунти) од приватни инвеститори до октомври, со продажба на 20 проценти од акциите во потфатот вреден 20 милијарди долари.

Тајната природа и брзата временска рамка на предлогот предизвикаа бес низ целиот светски фудбал, а европските асоцијации активно дискутираат за потенцијален бојкот на сите натпреварувања под капата на ФИФА. Критичарите го гледаат овој потфат како средство за претседателот на ФИФА, Инфантино, да ја задржи контролата врз турнирот и по неговиот претседателски мандат во 2031 година.

За да обезбеди поддршка пред крајниот рок на 19 септември, ФИФА ги информираше своите 211 членки дека ќе се зголеми сумата која ќе ја добијат од овој нов „колач“. Така, според последните проценки ФИФА на секоја нациоанлна федерација и ветила по 86 милиони долари во текот на 12 години. Сепак, планот предизвика сериозни поделби. ФИФА утрово излезе со соопштение дека нема намера да се откаже од проектот, па сега се очекуваат и нови реакции. 

Утрово и Азиската конфедерација се изјасни против плановите на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да продаде дел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори.

ПретходноАрис му дозволи на Димитријевиќ да игра за Македонија против Австрија
СледноГолемо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија