Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, синоќа со гол во завршницата на мечот со унгарски Пакс на грчки Панатинаикос му обезбеди пласман во 3. коло од квалификациите во Конференциската лига. По натпреварот во изјава за грчките медиуми, нашиот голгетер изјави:
„Тоа беше мојот прв гол тука пред нашите навивачи. Многу сум среќен. Имав уште една шанса и ќе бев посреќен ако постигнав два гола. Сепак, најважно е што одиме понатаму. Можеме да ги поправиме работите на подобро. Примивме голови поради наши сопствени грешки. Ќе мора да ги анализираме и очекувам подобри работи во иднина. Во првиот натпревар пропуштивме многу шанси. Да постигневме многу голови, вечервашниот натпревар ќе беше поинаков. Мислам дека ако ги искористиме нашите шанси, ќе се снајдеме добро“, изјавил Растодер.










