Ова се можните противници на Шкендија во плеј-офот во ЛК: Аталанта, Брајтон, Фрајбург, Монако…(ФОТО)

460

Во понеделник (3 август) за 14 часот е закажана ждрепката за плеј – офот или последното квалификациско коло пред групната фаза или лигашката фаза во Лигата на Конференции.

Познато е дека Шкендија има шанси таму да се најде, но треба прво во третата квалификациска рунда да го мине Хиберниан од Шкотска, што секако нема да биде нималку лесно. Сепак треба да се верува во тимот од Тетово, кој и ова лето покажа како треба да се игра во Европа.

Па така ако Шкендија го мине тимот од Шкотска во двомечот кој е закажан за 6 и 13 август, ќе има и тоа како силен противник во плеј – офот.

Тука се Аталанта, Брајтон, Фрајбург, Монако, но и уште неколку други тимови кои и тоа се познати европски фудбалски брендови.

Сепак да почекаме до понеделник нешто по 14 часот, а претходно во 8.30 часот УЕФА ќе го скрати списокот со можните ривали на нашиот вицешампион.

Ова се можните ривали на Шкендија во плеј – офот…

ПретходноРига го награди детето што „асистираше“ при голот против Вардар!(ВИДЕО)
СледноАргентинецот експресно избркан од Тотенхем по скандалот на СП!