Георг Стојановски е нов играч на катарски Лусаил

202
ФОТО:www.facebook.com/p/FC-Spartak-Varna-

Македонскиот фудбалски интернационалец, Георг Стојановски е нов играч екипата на Лусаил, која што е дел од шампионатот на Катар.

Досегашниот член на екипата на Спартак од Варна веќе се наоѓа на Блискиот исток и откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише двегодишен договор.

Некогашниот македонски младински репрезентативец прави уште интернационалец трансфер по оние во УАЕ каде беше дел од тимот на Хата, и по престојот во Бугарија.

Во домашниот шампионат пак беше дел од екипите на Вардар, Тетекс, Шкупи, Работнички.

Лусаил е нов прволигаш во шампионатот на Катар, а таму своевремено беше тренер и нашиот поранешен селектор Мирсад Јонуз. На стадионот каде што се натпреварува тимот на Лусаил беа играни мечеви од Мундијалот во 2022 година.

 

 

ПретходноШведска сепак е пресилна за Македонија
СледноХанси Флик јавно потврди на кого не смета за следната сезона!(ФОТО)