Тренчовски го убеди Митровски да остане во Олимпија!

265

Македонскиот стратег Југослав Тренчоввски денеска на Илинден дебитира на клупата на Олимпија Љубљана откако пред неколку дена ја доби довербата и стана шеф на струката во најголемиот клуб од Словенија. Противникот е екипата на Алуминиј од 20:15 часот на стадионот „Стожице“, пред домашната публика.

А од она што е интересно за Олимпија е тоа што во екипата останува нашиот фудбалер Димитар Митровски.

„Какво заминување. Тој е одличен фудбалер, потребен и е на Олимпија… Мора да остане!“, дециден е Тренчовски околу статусот и иднината на Митровски во неговиот клуб.

Димитар Митровски лани за рекордни 1.000.000 евра од Вараждин направи трансфер во Олимпија каде неуспесите на клубот и лошата атмосфера се рефлектираа и врз неговите игри и настапи.

ПретходноМурињо: Ова беше Реал Мадрид со три лица
СледноСалах изненади со изборот на новиот клуб?