Струга ТЛ има нов бисер: Агон Демири со 16 години и 6 дена дебитираше за првиот тим!

108

Вчерашниот ден, 1 август, долго ќе го памети талентот Агон Демири, кој го имаше своето деби в дресот на првиот тим на Струга Трим Лум, на пријателскиот тест натпревар против ГФК Охрид Лихнидос, кој заврши со резултат од 3:1 во корист на стружани.

Имено новиот бисер на Струга ТЛ го имаше своето деби на само 16 години и 6 дена.
Адолесценцијата е еден од најнежните периоди и тешко е да се извлече најдоброто од момчињата на оваа возраст, бидејќи повеќето од нив не се подготвени за предизвикот што ги чека.
Сепак, истото не може да се каже за Агон Демири, 16-годишното момче, кое вчера против ГФК Охрид Лихнидос го имаше своето деби во првиот тим на Струга Трим Лум.
Демири влезе во игра во текот на второто полувреме и стана еден од најмладите играчи што дебитирале во историјата на клубот од неговото основање. Со само 16 години и 6 дена, тој ќе продолжи да тренира со првиот тим, на барање на тренерот Бледи Шкемби, кој во Демири гледа редок талент кој навистина треба да се искористи во иднина.May be an image of soccer, football and text that says 'C.STRUGA RCISTRUCA RUGA TAME DEBUT EW OK OXPИA 3 GEGA Superm Supermarket TRIM TRIM&LUM & LUM EMCAL MMOBILIEN AG'

Инаку како што дознаваме, малку недостигало Демири да биде и рекордерот во мак – фудбалот, со што ќе го урнеше рекордот на Дашмир Елези кој во ПМФЛ дебитираше со 16 години и еден ден. Имено Демири полнеше 16 години во недела на 26 јули, а Струга ТЛ својот меч со Шкендија Арачиново во рамките на 1.коло го играше ден порано, на 25 јули па така младиот Агон за само еден ден немаше право на настап. Откако дознал за ова тренерот Шкемби побарал од раководството на клубот мечот со арачиниовци да се одложи еден ден се со цел Демири со точно 16 години да биде новиот рекордер во мак – фудбалот, но сепак било предоцна. Инаку неофицијално стратегот на стружани е воодушевен од квалитетите на младиот Демири и сега не само што му даде шанса да тренира со првиот тим туку му ветил дека ќе му даде шанса наскоро да добие минутажа и на средбите од ПМФЛ.

ПретходноНова “бомба“ од Истанбул:Де Брујне пред трансфер во Галатасарај?!
СледноНа денешен ден, пред 80 години, КК Работнички го одигра својот прв натпревар!(ФОТО)