Дека Елиф Елмас има проблем со клупскиот статус и договорот со тимот на Ред Бул Лајпциг каде што воопшто не доби шанса, тоа и не е тајна. Нашиот најдобар фудбалер одработи изминатата полусезона позајмица во Наполи, а летово се врати во Германија.
На големо се пишува за неговата преселба во Италија, односно во Јувентус каде што тренерот Спалети отворено го посакува, а исто така и негово враќање во Турција не е исклучено. Тамошните медиуми само што не го проммовирале во Бешикташ односно Трабзон, каде што парите кои Елмас ги бара, а и РБ Лајпциг за негов откуп воопшто не се проблем
Од друга страна Елмас во моментов е на подготовките со неговиот клуб, и колку и да звучи тоа во моментов чудно, тој очигледно ужива таму. „Победничка“ слика од тренинзите, а и погодокот кој што го постигна, а клубот со истиот се „пофали“ на социјалните мрежи не е за потценување.
Очигледно дека не е и така лошо да си дел од РБ Лајпциг….
https://www.instagram.com/stories/rbleipzig/3955486213255248944/?hl=en










