Војната допрва почнува:Чеферин ќе го бојкотира клупското СП и ќе го урива Инфантино! Еве кого сака на негово место

254
фото: Football on TNT Sports @footballontnt (X)

И дефинитивно Џани Инфантино е во проблем. Не само што страстите не се смируваат туку напротив, се чини дека војната на релација УЕФА – ФИФА допрва почнува.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, треба да се сретне со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, на финалето на Суперкупот на 12 август. Ал-Келаифи е еден од клучните сојузници на Чеферин, а претседателот на УЕФА наводно ја повикува Европската асоцијација на фудбалски клубови (ЕКА), која ја води Ал-Келаифи, да го бојкотира Светското клупско првенство во 2029 година, според ексклузивата на talkSPORT. Таквиот потег би барал согласност од сите над 850 членови на асоцијацијата.
Првото издание на турнирот во новиот формат го освои Челзи минатото лето, но плановите за 2029 година остануваат целосно недефинирани. Ниту локацијата ниту моделот на финансирање сè уште не се одлучени, а натпреварувањето не е опфатено со никаков постоечки договор меѓу ФИФА и ЕКА. Дополнителен проблем се неплатените солидарни такси од изданието во 2025 година, поради што многу клубови сè уште ги бараат своите пари од ФИФА. Предложеното Светско клупско првенство во 2029 година нема клучни основи како што се локацијата, финансиската структура, форматот и спонзорите, па турнирот нема да ја добие поддршката од ЕКА без овие промени. Чеферин, во меѓувреме, сака ЕКА јавно да објави дека повеќе нема да соработува со ФИФА во врска со натпреварувањето сè додека Џани Инфантино е на чело на организацијата.
УЕФА мобилизира сили во обид да го принуди Инфантино да поднесе оставка. Чеферин започна иницијатива за масовно повлекување на писмата за поддршка на Инфантино. Самиот Чеферин не планира да се кандидира за претседател на ФИФА, но би го поддржал Ал-Келаифи во тој поглед.
Двајцата ќе се сретнат за време на финалето на Суперкупот помеѓу ПСЖ и Астон Вила. Неколку членови на УЕФА би го поддржале катарскиот лидер во директна конфронтација со Инфантино, иако портпаролот на претседателот на ПСЖ инсистира дека тој нема такви амбиции. Во рамките на УЕФА расте мислењето дека би било подобро да се поддржи кандидат надвор од Европската конфедерација за да се добијат повеќе гласови.

ПретходноБразилецот е блиску до трансфер: Еве што Вини бара од Реал, а Арсенал тоа му го дава!
СледноСе мразат, не се виделе со години, а сега Роналдо и двајцата ги покани на неговата венчавка!(ФОТО)