Грчкото чудо од дете ќе игра за Борусија Дортмунд

101

Екипата на Борусија Дортмунд направи голема работа со потпишувањето на еден од најквалитетните млади играчи во Европа, грчкото чудо од дете, 18. годишниот Константинос Карецас.

Момчето кое што е родено во Белгија, во Генк, во Дортмунд пристигнува токму од оваа екипа.

Тој чини цели 33 милиони евра, плус проценти од следниот трансфер но реално гледано, тоа со оглед на неговиот квалитет и не е така скапа цена. Имено, тој минатата сезона вкупно одигра 49 натпревари за Генк во сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 18 асистенции. Карецас го имаше своето деби за грчката репрезентација во март 2025 година, а оттогаш постигна 3 гола и имаше 1 асистенција во 10 натпревари.

Она што е многу важно да се напомене е дека тој во младинските категории настапуваше за Белгија, но реши да го промени спортскиот пасош и да заигра за нашиот јужен сосед.

ПретходноЈунајтед се засилува со левиот бек на Њукасл
СледноДинамо Загреб се засили со играч на ПСЖ