Луис Хол, младиот и ултра квалитетен лев бек на тимот на Њукасл, ќе биде следното засилување за екипата на Манчестер Јунајтед ова лето.
Тој во моментов има само 21. година и е изборот на Јунајтед како замена за Лук Шо, кој што со години е дел од тимот од Олд Трафорд. Договорот на Шо истекува за година и пол и Луис Хол би требало до тогаш веќе да се етаблира како сериозна опција за првите единаесет.
Самиот играч според медиумите ја отфрлил можноста да се врати во Челзи, каде што своевремено настапуваше и изрично ставил до знаење дека само Јунајтед е опција за него во моментов.










