Златевски е петтото ново засилување за Пелистер

73

Виктор Златевски е петто ново име во редовите на кошаркарскиот клуб Пелистер за сезоната 2026/27.

Денеска од составот на битолските „зелени“ потврдија дека клубот потпиша договор на една сезона и ќе го претстави Златевски на почетокот на подготовките за новата сезона.

25-годишниот бек кој своевремено беше дел од селекцијата до 18 години на Македонија, во Битола доаѓа од Феникс 2010, а претходно ги носеше дресовите на Гостивар, Работнички и ФМП Академија. Минатата сезона имаше просек од 10.7 поени, 1.6 скока и 2.6 асистенции по натпревар.

ПретходноФлик го блокира заминувањето на Торес
СледноМлада ѕвезда на ПСЖ го облекува дресот на Динамо (З)