Динамо Загреб се засили со играч на ПСЖ

55

Во насока на што подобро да го изгради тимот за следната сезона, Динамо Загреб донесе засилување од ни помалку ни повеќе ПСЖ.

Ноа Нсоки е младиот играч кој што има во моменгов 19. години и кој што од Париз си заминува без обештетување. Секако, договорен е процент од следниот трансфер на младиот играч, кој што е многу веројатен со оглед на политиката на клубот од Максимир и како тој ги продава играчите.

Нсоки во жестоката конкуренција во ПСЖ не можеше да се избори па има забележано само два официјални настапи за првиот тим, еден во првенството и еден во Купот на Франција.

Се работи за играч кој што игра на левата крилна позиција, и најмногу настапуваше за тимот до 23 години.

 

ПретходноГрчкото чудо од дете ќе игра за Борусија Дортмунд
СледноСефте триумф за нашите на ЕП, Македонија подобра од Италија