УЕФА утрово и официјално ги објави групите за одредувањето на двојките за плеј-оф колото во Конференциската лига. Ждрепката е закажана за денеска во 14 часот, а можните противници на Шкендија во следната фаза се навистина сериозни и квалитетни.
Француски Монако и Англиски Брајтон веројатно се најзвучните можни ривали за тетовци, кои исто така би можеле да се сретнат и со победниците од дуелите: Бохемиан (Ирс) – Митјиланд (Дан), Гетеборг (Шве) – Гент (Бел) и Пафос (Кип) – Салцбург (Авс).
Останува тетовци прво да го одиграат двомечот со Хиберниан. Првата средба е веќе во четврток на гостински терен во Шкотска, по што следува реванш во Скопје на 13 август.










