Вардар заработи близу милион од европските настапи, Силекс скоро трипати помалку

246
фото: Riga FC@RigaFC_Official (X)

Македонија остана со само уште еден претставник во европските купови, екипата на Шкендија. Двата тима кои веќе ги завршија настапите, Вардар и Силекс, за своите натпревари ова лето веќе инкасираа одредена сума на средба од програмата за награди на УЕФА за настап во европските купови.

Вардар по двете елиминации во Лигата на шампините и Конференциската лига, во касата ќе добие 960.000 евра. Оваа сума е поприлично висока и покрај елиминацијата, а неа досега ја добија и уште пет други клубови кои беа елиминирани во оваа фаза од натпреварувањето.

Силекс, пак, кој посамо два меча се прости од Европа оваа сезона во касата ќе добие сума од 325.000 евра.

За Шкендија, засега сумата на остварени средства од програмата на УЕФА надмина 1 милион евра и ќе биде повисока без разлика на епилогот на двомечот со Хиберниан.

ПретходноТрансферот на Диоманде во Реал (М) одложен поради конфликт меѓу агентите на фудбалерот
СледноПознати можните ривали пред денешната ждрепка: Шкендија во плеј-офот со Монако, Брајтон…