Познати можните ривали пред денешната ждрепка: Шкендија во плеј-офот со Монако, Брајтон…

232
фото: KF Shkëndija (FB)

УЕФА утрово и официјално ги објави групите за одредувањето на двојките за плеј-оф колото во Конференциската лига. Ждрепката е закажана за денеска во 14 часот, а можните противници на Шкендија во следната фаза се навистина сериозни и квалитетни.

Француски Монако и Англиски Брајтон веројатно се најзвучните можни ривали за тетовци, кои исто така би можеле да се сретнат и со победниците од дуелите: Бохемиан (Ирс) – Митјиланд (Дан), Гетеборг (Шве) – Гент (Бел) и Пафос (Кип) – Салцбург (Авс).

Останува тетовци прво да го одиграат двомечот со Хиберниан. Првата средба е веќе во четврток на гостински терен во Шкотска, по што следува реванш во Скопје на 13 август.

ПретходноВардар заработи близу милион од европските настапи, Силекс скоро трипати помалку
СледноПСЖ се „доктори“ за трансфери: Продадоа фудбалери од клупата за 170 милиони евра!