Македонските ракометни екипи стартуваа со подготовките за новата сезона во која очекуваме интересн и незивесна битка за титулата во домашниот шампионат, но и во Купот на Македонија.
Бранител е тимот на Вардар, а главни конкуренти се тронот на „црвено-црните“ се Еурофарм Пелистер, Алкалоид и ГРК Охрид.
Од вчера три од четири клубови ја променија базата. Алклоид и Вардар ќе ја билдаат физичката подготовка во Маврово, додека пак Еурофарм Пелистер во Словенија.
Сите три тимови имаат нови ракометари, па периодот што следува ќе го искористат за да можат да се воиграат за да изгледаат на една целина. Битолчани имаат и нов тренер, на клупата ќе го гледаме Лино Червар.
Вардар ќе игра и во Лигата на шампиони, Еурофарм Пелистер во Европската лига, додека Алкалоид во ЕХФ Европскиот Куп, тимот на Кирил Лазаров стана првата македонска екипа која успеала да дојде до овој трофеј. Оваа сезона бранител ќе биде ГРК Охрид.










