РК Вардар ги информира навивачите и останатите ракометни фанови дека има промени во распоредот за два натпревари од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите.
> Домашниот натпревар од 2. коло против Нант, кој ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во 20:45 часот, ќе започне во 18:45 часот.
> Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, кој претходно беше закажан за 15 октомври, според новиот распоред ќе се игра на 14 октомври, со почеток од 18:45 часот.
Останатиот дел од распоредот останува непроменет.
Клубот дополнително ќе ги информира навивачите за сите детали поврзани со билетите и организацијата на домашните натпревари.










