Поранешната свршеница на Лука Дончиќ се откажа од тужбата за алиментација

271
Фото:Instagram/anamariagoltes)

Анамарија Голтес, поранешната свршеница на Лука Дончиќ, се откажа од тужбата за алиментација. Познатиот американски портал TMZ во понеделникот дојде во посед на судските документи што ги достави Голтес.

Според документите, словенечката манекенка побарала од судија во Лос Анџелес да го отфрли нејзиното барање без судење.

„Го повлекувам моето барање за издршка на дете со специфична намера ова прашање да се реши со пријателски и заеднички договор што е во најдобар интерес на нашите деца.“

Како што беше наведено претходно, Лука Дончиќ поднесе барање за отфрлање на случајот, тврдејќи дека барањето на Анамарија за издршка на дете и адвокатски трошоци нема правна основа бидејќи е поднесено во Калифорнија, а децата живеат во Словенија.

Лука, заедно со адвокатката Лаура Васер, се обиде да ја убеди Анамарија да се пресели со децата кај него, но таа одби и остана во Словенија.

Потоа, поради растојанието, Лука и Анамарија ја раскинаа свршувачката.

Двајцата се заедно речиси една деценија и имаат две деца, двегодишната Габриела и седуммесечната Оливија.

ПретходноВозиња конечно промовиран во Коло Коло