Ужас: Во сон почина ММА борецот Алан Насцименто!(ФОТО)

131
ФОТО:facebook.com/mmafighting

Бразилскиот ММА борец Алан Насцименто почина на 35-годишна возраст по срцев удар, објави УФЦ.
Алан Насцименто беше пронајден мртов во својот стан. Според достапните информации, тој починал во сон од срцев удар.

И покрај брзата реакција на службата за итна медицинска помош, тој почина на самото место. Нашите мисли се со семејството на Алан, на кое им изразуваме искрено сочувство, како и со пријателите и другарите во овие исклучително тешки моменти“, соопшти УФЦ.
Насцименто се бореше во категоријата мува категорија, а својата ММА кариера ја започна во 2011 година. Дебитираше во УФЦ во 2021 година.
За време на својата ММА кариера, тој забележа 22 победи и седум порази. Беше на работ да влезе меѓу првите 15 борци во својата категорија.

ПретходноФИБА ги издвои македонските рекордери пред стартот на Евробаскетот во Скопје и Гевгелија
СледноРК Вардар со информација: Промени во распоредот на два меча од Лигата на Шампионите!(ФОТО)