Шокантно: Новак елиминиран од Хиџиката во Париз!

0
ФОТО:x.com/RolexPMasters

По Александар Зверев, но и по неколку други елиминации на фаворитите денеска во Париз, најновата и најшокантната е дека Новак Ѓоковиќ е елиминиран во 1/16 финалето и тоа од Австралијанецот Ринки Хиџиката и тоа 1:2 во сетови.

А се тргна добро за Србинот, откако го доби првиот сет со 6:2. И кога се чинеше дека во вториот сет ќе биде само рутинско одработување на мечот, Хиџиката го доби со 3:6, а со истиот резулатат и третиот одлучувалки сет за конечни 1:2 во сетови и за пласман во следната рунда.

Натпреварот траеше нешто повеќе од два часа.

Ова значи дека најдобриот тенисер во историјата нема да учествува на завршниот Мастерс во Торино, што секако дека е голем удар за него.

ПретходноРафиња искрено и човечки: Тоа можеше да му се случи на секого од нас!