Што значи денешната победа за Македонија и самиот пласман во Топ16?

115
Фото: РФМ

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ја запиша втората победа на Европското првенство и со тоа обезбеди пласман во ТОП 16. Ова значи дека нашите момци ќе се борат за пласман од 9. до 16. место на шампионатот во Србија.

Но ова не е единствениот успех или исчекор што го направија „црвено-жолтите“. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски обезбедија опстанокот во елитната дивизија и воедно изборија и пласман на младинското Европско првенство 2028.
Доколку во продолжение запишат барем еден триумф на следните три меча, тогаш нашите надежи ќе се пласираат на СП 2027 година.

Санит факт дека се најдоа во разигрувањето за пласман од 9. до 16. мести, нашите кадети веќе остварија поголем успех од последниот шампионат на кој Македонија заврши на 22. место.

Со кого ќе игра Македонија во продолжение ќе биде познато вечерва.

ПретходноДвајца од повредените се враќаат во тимот на Хиберниан за дуелот со Шкендија
СледноХиберниан – Шкендија на МТВ 2: Тетовскиот клуб ги откупи ТВ правата од мечот во Шкотска!