И Луис Фиго удри по Инфантино:“Мора да замине веднаш, ова е нешто најниско и најподло што сум го видел!“

38
фото: El Comentario (X)

Речиси да нема никакви шанси Џани Инфантино да остане на чело на ФИФА. Откако се зголеми бројот на земји и конфедерации кои сакаат да си оди, откако и Доналд Трамп го „пушти низ вода“ довчерашниот негов најголем пријател, веќе нема спас за актуелниот прв човек на ФИФА.

Свој коментар имаше и легендарниот Луис Фиго, кој не бираше зборови против Инфантино.

Во колумна за британскиот „Дејли меил“, Фиго не се воздржа од зборови опишувајќи го однесувањето на Инфантино како „најниското, најподло и најсебично однесување што некогаш го видел во фудбалот“.

Целиот мој живот го сакам фудбалот. Играв професионално 20 години и верувајте ми, запознав многу сомнителни луѓе во овој спорт. Но, она што го видов во последните денови е најниското, најподло и најсебично однесување што некогаш сум го видел“, напиша Фиго.

Тој смета дека Инфантино сакал да “прогура“големи промени во ФИФА без целосна транспарентност кон членовите, сè за да, според него, поединци блиски до врвот на светската куќа на фудбалот имаат корист. „Ако планот беше навистина толку добар, зошто не го презентираше пред сите членови пред финалето на Светското првенство? Зошто не зборуваше отворено за ризиците, а не само за наводните придобивки?“, праша Фиго. Тој особено нагласи дека на фудбалот не му се потребни потези што би им користеле на инвеститорите и администраторите, туку инвестиции во развојот на спортот низ целиот свет.

На фудбалот му се потребни повеќе терени, повеќе тренери и повеќе можности за децата. Парите треба да се инвестираат во развојот на играта, а не во интерес на поединци“, додаде поранешниот освојувач на „Златната топка“. Фиго заклучи дека Инфантино ја изгубил поддршката од голем број луѓе од фудбалскиот свет и дека е време за промени на чело на ФИФА.

Премногу е доцна за него да го спаси своето достоинство, но не е предоцна да го спаси фудбалот. Мора да си замине. Веднаш“, рече Фиго.

ПретходноПремиерна победа на Сити со новиот тренер, Јуве подобар од Челзи
СледноРеал со последна понуда до Вини, ама на Бразилецот и тоа му е малку!