Екипата на Шкендија, единствениот македонски преставник во фудбалска Европа, летна за Единбург. Тетовските „црвено-црни“ како што најавивме отпатуваа со чартер-лет.
Противник на избраниците на Артим Положани во третата квалификациски рунда во Конференциската лига е Хиберниан.
Првит меч се игра на 6 август (четврток) во Единбург од 21 часот, додека реваншот е на 13 август во Скопје. Интересно е тоа што меѓу овие два меча со Шкотите, тетовци ги чека мега – дербито со Вардар во рамките на 2.коло во ПМФЛ, кое е закажано за 9 август (недела) во Скопје.
Токму поради збиениот распоред, раководството на Шкендија донесе одлука да се патува со чартер лет и тоа во среда сабајле од Скопје за Единбург, градот од каде е Хиберниан.










